(Видео) Научници ѝ го вратија гласот на мумија стара 3.000 години

Научниците ја исполниja желбата на мумифицираниот египетски свештеник Несјамун за живот по смртта и го вратија неговиот глас со вештачки гласни акорди, објави „Би-би-си“. Тоа им успа со производство на 3Д печатена говорна кутија, заснована на вокалниот тракт на Несјамун, која била скенирана за да се утврдат нејзините прецизни димензии. Тие потоа го изолирале звукот на самогласките за да го добијат гласот на Несјамун. Гласот на Несјамун се репродуцирал како самогласен звук, а потсетува на звукот што го испуштаат овците.

Свештеникот живеел за време на политички нестабилното владеење на фараонот Рамс Единаесетти, помеѓу 1099 и 1069 година пред нашата ера. Како свештеник во Теба, му требал силен глас за неговите ритуални должности, а тоа вклучувало и пеење.

Scroll to Top