(Видео) Научници создадоа музика од пајажина на пајаци

Научници од Технолошкиот институт во Масачусетс неделава објавија музика направена од пајаци. Поточно, тие скенирале пајажини и ги „претвориле“ во звуци, а на крајот добиле мелодија.

Инженерот Маркус Бјулер, кој го водел проектот, објаснил во соопштение за медиуми дека пајаците немаат добар вид и се движат со помош на вибрации кои имаат различни фреквенции.

За да ја создадат музиката на пајаците, научниците ги означиле сите конци во пајажината со различна музичка нота, а потоа ги споиле во една мелодија врз основа на структурата на пајажината и начинот на кој пајаците ја плетеле пајажината.

Таа звучи необично и хаотично, но претставува забавен експеримент.

Научниците сега сакаат да им ја пуштат музиката на пајаци за да видат дали музичките вибрации ќе имаат влијание врз нивното однесување.

Scroll to Top