(Видео) Неверојатна снимка каде што Пацификот и Атланскиот Океан се сретнуваат, но не се спојуваат

Местото каде што се сретнуваат Пацификот и Атлантскиот Океан, близу Кејп Хорн, изгледа како некој да повлече линија на географска карта – едната половина ја наслика со темносина, другата со зелена нијанса. Тие два океана се сретнуваат, но никогаш не се спојуваат.

Снимката од местото каде што се допираат двата океана стана хит токму поради неочекувана глетка што сугерира дека нивните води не се мешаат.

Сепак, експертите забележуваат дека границата помеѓу двата океана е само понекогаш јасно видлива, бидејќи водите на океаните се мешаат, само многу побавно отколку што би очекувале и под влијание на разни фактори.

Вода со различни бои и густини се меша според принципот на дифузија (експанзија или истурање), што е исклучително бавно во течностите. Во океанот, должината на тој процес најмногу зависи од физичката вознемиреност, т.е. физички влијанија врз мешањето – бранови, подводни струи, ветрови. Различни густини на соседните океани се под влијание на бројни фактори – разлики во соленоста на водата, прилив на свежа вода од топење на глечерите, големи реки кои локално внесуваат одредена количина глина и тиња во океан и промена на нејзината густина и боја, поголем број алги од едната страна.

Но, сето ова не ја прави оваа појава помалку привлечна.

Scroll to Top