(ВИДЕО) Невреме во Охрид, езерото се излеа

Огромни бранови предизвикани од силен ветер ги уништија летните бавчи покрај охридското крајбрежје. Ветерот со брзина од околу 90 километри на час носел се пред себе и предизвикал многу штети во градот. По плажите е ужасно, а под вода е се што е во близина на езерото.

На социјалните мрежи охриѓани од пред неколку часа споделуваат фотографии и клипови од невремето.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат пороен дожд и силен ветер и за утре.

Scroll to Top