Никола Рагуж пред 3 години доживеа сообраќајна несреќа. Во кома бил 3 месеци, а сега е во инвалидска количка. Но, тој иако со инвалидитетот, не додржа , а да не одигра еден танц со својата сестра која дента се мажеше. Нејзината свадба за него била денот што одамна го чекал.
Танцот измами емоции, солзи, тага но и воодушевување кај гостите на свадбата. На Никола од Ортијеш кај Мостар му се приклучи и мајката која не ги скриваше солзите.