Норвешката принцеза Мете-Марит плачела за време на доделувањето на Нобеловите награди за мир, кои синоќа се одржаа во Осло. Принцезата ја облеале емоции кога на сцената се појавила Надиа Мурад, поранешна сексуална робинка.
Мурад пред да биде наградена со престижната награда, со својот емоционален и моќен говор ги пренела страдањата и животните искушенија во времето кога била третирана како сексуална робинка од членовите на терористичката група ИСИС.
Меѓу присутните во публиката се наоѓала и сопругата на актерот Џорџ Клуни, адвокатката за човекови права Амал Клуни.
Принцезата Метте-Марит претходно работела како келнерка и е во во брак со принцот на Норвешка, престолонаследникот Хокон.
Нобеловите награди за мир се одржуваат во Норвешка, додека церемониите за доделувањето награди во други категории, вклучувајќи ги наградите за физика и хемија, се одржуваат во Стокхлом.