Претседателот на САД, Џо Бајден направи уште еден гаф за време на неговиот говор на церемонијата на пуштање во погон на новите нуклеарни подморници. Тој во говорот додека ѝ се заблагодаруваше на сопругата Џил, несвесно ја спомна и поранешната прва дама на САД.
„Горд сум на работата за помош на ветераните која ја започна Џил со Мишел Обама кога беше нејзина потпретседателка, а ја продолжи до ден денес“, рече Бајден.
За потсетување Мишел во тоа време беше прва дама на САД, а сегашниот претседател Бајден тогаш беше потпретседател на Барак Обама.
Твитерџиите веднаш се фатија за работа и почнаа со шегите на негова сметка.
„Па кој бил тогаш он? Жената на Барак?“, прашуваа тие.
Некои од медиумите пренесоа дека Бајден за време на церемонијата во еден момент и заспал и тоа за време на воениот поздрав.