(Видео) Новата реклама на „Дизни“ ги расплака родителите низ светот

Новата реклама на „Дизни“ за забавен парк кај многумина ќе предизвика наплив на емоции. Рекламата, која трае околу 30 секунди, почнува со девојче кое трча кон дворецот на Пепелашка и го повикува својот татко да побрза. Ја наоѓа Пепелашка и ја прегрнува.

Тогаш камерата открива дека станува збор за татко кој со солзи во очите гледа стара снимка на неговиот мобилен телефон, а неговата ќерка веќе се подготвува да оди на факултет.

Рекламата покажува колку брзо лета времето и колку брзо растат децата.

Scroll to Top