(Видео) Новинарка и фудбалер со секс пред камера дадоа поддршка на заболените од корона

На новинарката од Би-би-си од Ирска, Ема Варди, ѝ се заканува отказ од своите шефови откако се појавила во пародично видео на песната од Квин, „I Want to Break Free“, на кое што глуми секс сцена со своето момче Арон Адамс.

Видеото го направиле нејзиното момче и колегите од аматерски фудбалски клуб за да соберат средства за британската „Национална здравствена служба во борбата против коронавирусот“. Видеото било објавено на профилот на 8th Old Boys Football Club со забелешка: „Четири недели во карантин, без фудбал, ете што се случува“.

На снимката, како што се гледа, новинарката ја пее песната додека нејзиното момче е врз неа, а тоа не им се допаднало на шефовите од Би-би-си, па побарале од неа да ја избрише снимката, а исто така ѝ испратиле и е-маил, во кој пишувало дека вработените во нивната компанија мора да внимаваат на тоа што објавуваат на социјалните мрежи.

„Ова требаше да биде забава, но Ема сфаќа дека е несоодветно и сцената е отстранета“, изјави портпаролот на Би-Би-Си за „Daily Mail“.

 

Scroll to Top