(Видео) Нуркач доживеал кошмap: Сакал да истражи пештера, но заглавил во неа 60 часа

Поминаа две години откако Сиско Грасија поминал низ најголемит кошмар на еден нуркач.

Во средина на април 2017 година  овој професор по геологија, кој е и искусен нуркач, скокнал во топлите води на Мајорка на рутинско нуркање. Грасија поминувал доволно време под вода и уживал во истражувањето на комплексниот систем подземни пештери.

„Мајорка е поубава под земја, отколку на површина“, вели тој.

Го придружувал Гиљем Маскаро со кого сакал да ја истражува пештерата Пикета. Пештера со голем број простории, оддалечени околу еден километар од влезот.

Им требало еден час за да стигнат до тие комори. Грасија започнал да собира примероци од карпи, а Маскаро заминал да ја истражи другата комора. Проблемите настанале кога се упатиле кон излезот, а една средба направила целосен пресврт на настаните.

Грасија и Маскаро се сретнале на една раскрсница и подигнале голема прашина од дното на пештерата. Поради тоа не можеле да видат каде се наоѓаат и каде се движат. Тогаш откриле дека нивното јаже за водење е скинато или дека паднало на дното.

Scroll to Top