(Видео) Објавен првиот трејлер за македонската 3Д-анимирана серија „Агент 203“

Објавен е првиот трејлер за 3-Д анимираната серија „Агент 203“, што ја прави македонското студио „Ви хаус анимејшн“ за светскиот пазар. Премиерата е најавена за пролетта 2023 година.

Серијата е наменета за деца над седум години, ќе има 26 епизоди и секоја ќе трае по 22 минути. Главен лик е девојчето Зои, интергалактичка агентка, која заедно со нејзиниот партнер, вонземјанинот Улав и со најдобрите пријатели се бори против лошите ликови од вселената. Главниот негативец се вика Гор и неговата мисија е да ја украде магичната алка на Зои, што ја добила во аманет од татко ѝ, познат интергалактички агент кој исчезнал во акција.

Целата серија е осмислена и реализирана од македонски креативци, а ко-креатор и режисер е Дамјан Митревски. Серијата се планира да биде синхронизирана и на македонски јазик за да може да се претстави и пред домашната публика.

AGENT 203 | Official Trailer from V House Animation on Vimeo.

Scroll to Top