(Видео) Објавен трајлерот од првиот филм за коронавирусот

Психолошкиот филм „Корона“, на иранскиот режисер Мостафа Кошвари, го доби првиот официјален трејлер. Филмот е снимен во лифт, а приказната е за девојка од Азија која е заразена со коронавирус и која останува заглавена во лифотот со уште седум други лица.

Режисерот, кој живее во Канада, за „Њујорк тајмс“ изјавил дека филмот допира до предрасудите, зборува за стравот и претставува своевидна студија на опшеството и моралните решенија.

Филмот е сниман неколку дена во месец февруари, а во реализацијата на филмот учествувале само 25 луѓе.

Scroll to Top