Унгарските медиуми го објавија првото видео од моментот кога се судрија бродовите на Дунав, во Будимпешта пришто загинаа седум лица, а по 19 лица се трага.
Несреќата се случи синоќа кај мостот Маргарита недалеку од Парламентот, а за време на сударот, на туристичкиот брод за разгледување имало 33 патници и двајца членови на екипажот. Бродот се превртел и потонал.
Патниците главно биле туристи на возраст помеѓу 40 и 50 години, а меѓу нив имало и шестгодишно девојче.