(Видео) Операта во Сиднеј осветлена во чест на австралиските пожарникари

Оперската куќа во Сиднеј им оддаде почит на австралиските пожарникари минатиот викенд. Во саботата навечер на препознатливите едра на Операта неколку часа се објавуваа слики од пожарникарите кои се борат со пожарите низ целата Австралија. На една од сликите имаше рачно нацртан и напишан знак во облик на срце и порака „пожарникари ви благодариме“.

„Сакаме да испратиме порака за надеж и сила и, најважно, да им се заблагодариме на службите за итни случаи и волонтерите за нивните неверојатни напори и храброст“, стои во соопштението на оперската куќа на „Твитер“.

Австралија веќе неколку месеци се бори со огромните пожари, според многумина, најлошата во нивната историја. Најмалку 27 лица загинаа откако почна сезоната на пожари лани во јули, а меѓу нив се и волонтери пожарникари. Повеќе од 2.000 домови се уништени или оштетени, а цели градови беа присилени да се евакуираат.

Оперската куќа Сиднеј исто така соопшти дека во март ќе биде домаќин на гала фестивал на комедија со цел да собере финансиски средства за да им помогне на заедниците погодени од пожарите.

Scroll to Top