(Видео) Осумгодишниот Ѓорѓи од Скопје за две секунди мести Рубикова коцка

На осумгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје му требаат неколку секунди за да реши сложена Рубикова коцка. Ѓорѓи соборил и два национални рекорди – најдобро време (4,37 секунди) и средно време (6,77 секунди) во решавање Рубикова коцка 2х2.

Постигнал и најдобро време (12,64 секунди) и најдобро средно време (17,36 секунди) во решавање Рубикова пирамида.

Претходните рекорди биле поставени во 2010 година.

Scroll to Top