(Видео) Осумгодишно момче е најплатениот јутјубер на светот

Осумгодишниот Рајан Каји втора година по ред е најплатениот јутјубер во светот. Тој преку неговиот канал Ryan’s World во 2019 година заработил 26 милиони долари. Каји има јутјуб-канал веќе пет години, а на првото видео се гледа како 3-годишното дете ги одмотува подароците и играчките што му ги купуваат. По ова почнал да снима мини-научни експерименти. Набргу потоа, Кају потпиша договор и со компаниите „Никелодеон“ и „Хулу“.

На второ место е каналот Dude Perfect, кој оваа година заработи 20 милиони долари. Видеoснимките за овој канал ги снимаат пријателите Коби Котон, Герет Хилберт, Коди Џонс и Тајлер Тауни, кои пробуваат разни спортови и рушат Гинисови рекорди.

Петгодишната Анастасија Раџинскаја е на третото место. Таа годинава заработила 18 милиони долар, а има неколку договори со различни компании.

Поранешниот најплатен јутјубер, Пу Дај Пај, гоидинава е на седмото место со заработени 13 милиони.

Scroll to Top