Како изминува времето, луѓето ширум светот живеат сè подолго, велат научниците. Тие очекуваат животниот век во иднина непрекинато да расте. Некои проценуваат дека просечниот животен век ќе се зголеми за четвртина, што придонесло за пораст на староста.
Сега има повеќе луѓе кои живеат до 100, 110 години или повеќе. Првата личност која живеела најмалку 110 години починала во 1899 година во доба од 110 години и четири месеци. Од тогаш животниот век само се продолжил. Моменталната рекордерка која се смета за најстара е Французинката Жан Калмен, родена на 21 февруари 1875 година, а починала на 4 август 1997 година на 122 години и 164 дена.
Се очекува дека некој наскоро ќе го собори нејзиниот рекорд. Според судијата што ја објавиле истражувачи од Универзитетот во Јужна Данска, се покажува дека постои 25% веројатност некој да го собори нејзиниот рекорд до 2050 година.
Слична студија била направена од истражувачи на SDU врз речиси 17.000 дански и шведски стогодишни луѓе. Тие откриле дека најастарите лица во Данска умираат во поодминати години, додека овој тренд на раст не е забележан кај шведските стари лица.
Водечките автори на оваа студија Ентони Медфорд и Каре Кристенсен, кои своите откритија ги објавиле во списанието „Демографи“ утврдиле големи разлики во здравјето на луѓето во двете земји. Студијата која ја цитирале била објавена во списанието The Journals of Gerontology и откриле дека подобрувањето на здравјето кај старите луѓе може да се мери со она што се нарекува активности во секојдневниот живот.
Овие активности вклучуваат основни задачи потребни за независен живот, како што се капење и облекување без никаква помош.
Жените во поодминати години во Данска се подобри во извршувањето на секојдневните активности, а тоа придонесува сите тие да живеат и повеќе од 100 години. Некои од нив достигнуваат и до 110 година. Спротивно на ова, ова подобрување во секојдневниот живот не е забележано меѓу најстарите лица во Шведска.
Студијата открила кај овие лица влошување на тестовите за подвижност, когнитивна функција и перформанси. Овие резултати се значајни од перспективата на јавното здравје, затоа што сугерира дека стогодишниците во текот на своите секојдневни активности треба да се чувствуваат нормално.
Покрај тоа, Медфорд и Кристенсен откриле дека постои голема разлика меѓу здравствениот систем во Шведска со недоволните финансиски средства и соодветните финансирања во Данска. Постарите лица во Шведска не добиваат толкава поддршка во поглед на оние во Данска.
Намалените трошоци за здравствената заштита во Шведска, особено несразмерно влијаеле на оние кои се на дното на социоекономската скала, вклучувајќи ги и најстарите лица во оваа група. На крајот, Медфорд и Кристенсен веруваат дека добрата работа во Шведска е тоа што бројот на стогодишни лица нема да опадне.
А како резултат на тоа се наведени напредокот во технологијата и квалитетот на животот, кој во голема мерка оди во корист на долговечноста кај луѓето во целина. Истражувачите дури напоменуваат дека старите лица можат да имаат најмногу корист од напредокот во животните услови поради инхерентната отпорност и трајната физиологија.
Иако не се конечни, Медфорд и Кристенсен сметаат дека овие трендови треба да се земат предвид при давањето предлози за здравјето на најстарите луѓе во општеството. Сепак, Медфорд и Кристенсен не ја споменале улогата на природните здравствени опции во создавањето на стогодишниците, иако во голем број случаи се докажало дека редовното вежбање, обилните ментални стимулации, како учењето и социјалната интеракција, како и консумирањето на здравата, природна исхрана со хранливи состојки се клучен фактор за долговечноста.