(Видео) Открила дека е бремена девет дена пред да се породи

Американката Лорен Чалк од Тенеси, која имала две спонтани абортуса во 2014 и 2016 година, дознала дека ќе стане мајка само девет дена пред да се породи. Таа неколкупати претходно помислила дека е бремена, но тестовите биле негативни, па овој пат не направила тест и не отишла на лекар, пренесува Си-ен-ен.

Лорен дознала дека ќе стане мајка кога била во 39. недела на бременоста. Како тинејџерка, ѝ бил дијагностициран синдром на полицистични јајчници, па имала нередовни менструални циклуси, поради што не била свесна дека е бремена. Но, нејзината мајка инсистирала таа да оди на лекар, бидејќи сметала дека нешто не е во ред. „Мајка ми ми рече: Ти не си таква. Мислам дека се случува нешто со хормоните. Треба да ги проверите, одете на лекар“, рекла Лорен.

Девет дена потоа, откако лекарите ѝ потврдиле дека е бремена, на 2 декември, таа родила син и го крстила Вајат.

 

Scroll to Top