(Видео) Овци ги преплавија Јелисејските полиња во Париз, заврши Меѓународниот земјоделски саем

Голем број сточари заедно со 350 уметници од јужната француска провинција Берн, ја прошетаа својата стока низ улиците на Париз. Тие ги преплавија Јелисејските полиња и ставија крај на Меѓународниот земјоделски саем кој се одржа деновиве во француската метропола.

Посетителите и случајните минувачи велат дека било интересно да се видат толкав број на овци, кози, но и магариња на Јелисејските полиња.

„Се обидуваме да ги развеселиме Парижани со нашата парада. Сега тие можат да видат што се случува и на 700 или 800 километри од ова место“, рече еден од сточарите Лук Мартин.

Крдото се прошета и помина повеќе од еден километар низ француската престолнина, а беше предводена од уметник облечен како кралот Анри Четврти, кој потекнува токму од Берн. Тие им се обратија на градоначалничката Ана Хидалго и премиерот Жан Кастекс.

Scroll to Top