(Видео) Озонската дупка е намалена, тврди НАСА

Озонската дупка на обвивка околу планетата Земја е помала од кога било, тврди НАСА. Но, тоа се должи на невообичаено топлото време, а не на подобрување на еколошките параметри на Земјата, велат оттаму.

Озонската дупка над Антартикот се смалила на најмал обем од времето кога е првпат откриена во 1980те години од минатиот век. Тоа е значително подобрување на состојбата на озонската обвивка околу Земјата, која ја штити планетата од потенцијално опасното ултравиолетово зрачење, а кое може да предизвика рак на кожата, катаракта, го уништува имунолошкиот систем кај луѓето и им наштетува на растенијата.

„Ова е голема вест за озонот на јужната хемисфера“, вели Пол Њумен, шеф на научната група на НАСА за истражување на Земјата.

Најголемата дупка во озонската обвивка е измерена во 2001 година, кога изнесуваше 11,5 квадратни милји. Оваа година, најголемата површина што ја имаше дупката изнесуваше 6,3 милиони квадратни милји, додека сегашната состојба изнесува 3,9 квадратни милји.

Scroll to Top