(Видео) Папата Франциско прими на ручек 1500 бездомници

By

Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциско, угости повеќе од 1500 сиромашни и бездомни луѓе во Ватикан. Папата во рамки на обележувањето на Светскиот ден на сиромашните, прими на ручек илјадници луѓе.

Пред ручекот, за време на мисата на плоштадот Свети Петар, папата го критикуваше општеството и незаинтересираноста за сиромашните, како и опседнатоста за бурниот ритам на живот, пренесува „Франс прес“.

„Ние забрзано го следиме својот пат и не се грижиме што алчноста на неколкумина ја зголемува и отежнува бедата кај многумина други“, изјави папата.

Тој објасни дека богатите и моќните луѓе не треба да се чувствуваат непријатно поради сиромашните. Тие треба да помогнат колку можат повеќе. Папата Франциско им се придружи на сиромашните и бездомниците на ручекот во големата сала во Ватикан, по повод Светскиот ден на сиромашните, кој почна да се одбележува од ноември 2016 година.

На менито имаше пилешко со сос од печурки и компир, лазањи, слатки, овошје и кафе. Десетици волонтери помогнаа во подготовките и собирањето на сиромашните во Ватикан, како и нивно служењето со бесплатниот ручек.

Папата им се заблагодари и на медицинските тимови кои им овозможија на бездомниците во Ватикан бесплатна здравствена услуга.

 

Ќе ви се допадне