(Видео) Парализиран младоженец стана за да го одигра првиот танц со сопругата

Пред околу 5 години Хуго Ролинг бил сигурен дека ќе танцува и ќе ја врти својата невеста на денот на свадбата. За жал, животот имал поинаков план.

Хуго останал парализиран од половината па надолу, по страшна сообраќајна несреќа со мотор и оттогаш се сомневал дека сонот за првиот танц ќе му се оствари.

За среќа, неговиот татко и брат биле тука да помогнат, односно да му бидат емотивна и физичка поддршка.

Со голема желба, волја и упорност, Хуго успеа да го одигра својот прв танц со сопругата, кој го прегледаа преку 42 милиони луѓе за само неколку дена.

Scroll to Top