(Видео) Пари летаа од блиндирано возило среде автопат

На автопат во САД во близина на Њујорк, бил снимен момент во кој од блиндирано излетале пари. Во тој момент голем број од возачите ги оставиле своите возила и почнале да ги собираат расфрланите пари на патот.

Полицијата примила голем број повици за незгодите кои се случиле на патот и веднаш реагирала. Службите побарала од сите граѓани кои земале дел од парите да ги вратат назад.

На снимката направена од еден патник во автобус, се гледа блиндираното возило од каде излетале доларите. Луѓето еуфорично трчале на патот во обид да земат колку е можно повеќе долари.

Полицијата објавила дека поголемиот дел од парите биле вратени, но не објави податоци за тоа колку пари фалат.

Scroll to Top