Шпанската пејачка Јоана Саинз од групата „Супер Холивуд“, почина вчера на сцената на музички фестивал во Лас Берланас, Авила. Ракета од огнометот ја погодила Саинз во стомакот додека таа пеела на бината. 30-годишната пејачка со тешки повреди е пренесена во болница и таму подоцна починала.
За време на настапот на групата, во публика имало неколку илјади луѓе, а во инциденотт настрадала само Јоана. Веднаш по несреќата организаторите повикале брза помош, но таа пристигнала скоро половина час подоцна.