(Видео) Пекарница пушти во продажба торта во која се скриени 10.000 долари

Пекарница во шпанскиот град Ла Банеза деновиве е најпосетуваното место во градот, откако менаџерите на локалот соопштија дека во една од тортите се кријат 10.000 долари.

Се работи за традиционална награда, која оваа пекарница ја практикува 11 години во низа. Прималивата сума е скриена во новогодишна овошна торта, позната меѓу Шпаниците како Роскас де рејес.

Лани добитник било осумгодишно болно девојче, кое тортата ја купило од болница преку интернет. Овој обичај, пекарницата го почнала во 2008 година, кога во наградата изнесувала 500 евра и оттогаш сумата постојано растела.

Scroll to Top