(Видео) По самоизолацијата, Путин замина на одмор во Сибир, рускиот претседател ловеше риба со министерот за одбрана Шојгу

Рускиот претседател Владимир Путин помина неколку дена на одмор во Сибир, каде пешачеше и ловеше, соопштија од Кремљ. Тој претходно кратко време беше во самоизолација, поради мерките против коронавирусот, а Кремљ објави фотографии од него додека лови риба.

Тој прошета и низ некои од убавите ридски предели, а друштво му правеше министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Двајцата често заедно одат на одмор.

Путин на средината на септември рече дека ќе мора да мине неколку дена во самоизолација, откако десетина луѓе во неговото опкружување се заразија со корона.

Поради самоизолацијата, Путин мораше да ги откаже патувањата во Таџикистан, на кој требаше да присуствува на самитот за безбедност. Тој прими две дози од руската вакцина Спутник V, a Кремљ соопшти дека тој се чувстува добро.

Scroll to Top