(Видео) Почина бебето Џексон кое се роди без половина череп

По пет години почина Џексон Буел, бебето кое се роди со половина мозок, пренесуваат британските медиуми. Неговите родители Брендон и Британија Буел иако уште на почетокот од бременоста знаеле за малформациите на мозокот и черепот, избрале да продолжат со бременоста.

„ Ние секогаш му дававме шанса, шанса за борба “, изјавил таткото Брендон за News4Jax.

Гинекологот уште на почетокот ги запознал Брендон и Британија Буел со тоа што ќе ги очекува во иднина. Тој им открил дека нивниот син нема да живее долго.

Лекарите на почетокот прогнозирале дека Џексон ќе има само неколку дена живот. Но, и покрај ваквите информации, Брендон и Британија сепак не се откажале од него.

Џексон се роди во јануари 2014 година. Имал само дел од черепот, а неговиот мозок бил пет пати помал од големината на стандардно новороденче.

На Џексон му била дијагностицирана микрохидрансцефалија. Тоа е многу ретка болест која влијае на мозокот, предизвикувајќи длабок застој во развојот. Симптомите често се разликуваат кај различни личности.

Родителите на Џексон знаеле дека нема премногу да бидат со нивниот син, но велат дека добиле повеќе време со нивниот син отколку што на почетокот мислеле. Тие максимално се потрудиле секој момент со нивниот син да биде посебен.

„Џексон почина мирно, во моите раце. Тој беше опкружен со семејството и уживаше во нашата љубов и грижа во последните моменти. Ова е нешто што знаевме од почеток дека ќе се случи. Само што не знаевме кога“, изјавил Брендон. Лекарите велат дека се изненадени што Брендон издржал пет години.

„Неговиот лекар ни кажа дека тој пишува книга и ние сме дел од неа“, изјавила Британија за „First Coast News“.

„Во првиот месец го поврзаа на машини и кабли. Лекарите мислеа дека тој ќе им потреба од сите овие работи, но набрзо потоа почнаа да ги гасат и исклучуваат една по една“, вели Брендон..

Врз основа на чудното преживување на Џексон по неговата прва година, неговото семејство сметало дека е добра идеја да се основа фондација. Нивната цел била да помогнат да се соберат пари и свесност за невролошки истражувања. Бидејќи состојбата на Џекс била толку ретка, тој привлече внимание во светот.

Scroll to Top