(Видео) Под мразот на Антарктикот откриени остатоци од древна прашума

Група истражувачи во 2017 година откриле дека на Антарктикот немало отсекогаш мраз. Тоа што само се претпоставуваше, тие успеаја да го докажат, а научната студија неодамна ја објавија во магазинот „Нејчр“. Велат, под мразот има остатоци од древна прашума.

За време на експедицијата во Амундсеновото Море, геолозите ископале примероци од седиментите од крајбрежниот регион на западен Антарктик. Она што го извлекле, посебно на длабочина од околу 30 метри, многу се разликува од составот на седиментите кои биле поблиску до површината. Со компјутерска томографија го прикажале густиот коренски систем. Научниците успеале да ги идентификуваат клеточните структури на дрво, полен и спори на васкуларни билки и траги од цветни видови. Според резултатите на истражувањето просечната годишна температура на Антарктикот била околу 12 степени Целзиусови во тоа време.

„Знаевме дека тој период бил еден од најтоплите, но немавме докази од областа во близина на Јужниот пол. Првите анализи покажаа дека на длабочина од 27 до 30 метри под океанското дно пронајдовме слој кој првобитно е формиран на копното, а не во океанот“, рекол геологот Јохан Клагес.

Дотогаш никој не зел примерок од периодот на креда од земјата од толку јужна точка на светот. И покрај тоа, истражувачите не го очекувале тоа што подеталното испитување со рендгенската компјутерски томограф го откриле.

Скенирањата опишале сложена мрежа на фосилизирани корени на билки. Со микроскопската анализа пронајдени се и докази за полен и прости видови животни, а сето тоа упатува на остатоци од древна прашума која постоела на Антарктикот пред околу 90 милиони години.

Според проценката на палеолозите, нивото на атмосферскиот јаглероден диоксид било значително повисоко отколку што мислеле. Новите сознанија им пружаат на истражувачите многу поголемо разбирање на длабоката врска меѓу концентрациите на јаглерод диоксид и поларната клима во праисториските времиња кога диносаурусите уште постоеле.

 

Scroll to Top