(Видео) Полицаец спаси дете што падна од трети спрат

Неколку полицајци, додека чувале банка во египетскиот град Асјут, забележале дете кое висело од третиот спрат на зградата во која се наоѓа и банката.

Без многу размислување, полицајците веднаш пробале да најдат некакво платно за да им послужи како мрежа за спасување. На крајот, сепак, немало време за такво нешто.

Како што ќе видите во видеото, во тој момент еден од полицајците ги испружува рацете во обид да го фати детето пред да падне на земјата.

Обидот бил успешен. Детето поминало без влакно да му фали, а полицаецот со полесни повреди.

Scroll to Top