(Видео) Полицајци од Њујорк клекнаа пред демонстрантите

Неколку полицајци од Њујорк и округот Флинт во Мичиген клекнаа на улицата пред демонстрантите кои протестираат поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, со желба да искажат солидарност и да покажат дека не се за насилство. Со нив клекнаа и неколку мирни демонстранти на тротоарот и му одадоа почит на починатиот.

На снимката што е објавена на социјалните мрежи можат да се слушне како собраните ѝ изразуваат благодарност на полицијата, пренесува Си-ен-ен.

Демонстрантите потоа ја опкружија полицијата и клекнаа заедно со нив. Еден од демонстрантите потоа на глас ги изговори имињата и на други починати Афроамериканци.

Пред демонстрантите клекна и шефот на округот Флинт во Мичиген, кој пред нив излезе без оклоп и оружје.

„Јас и моите луѓе ве сакаме“, им порача на тој на групата собрани демонстранти.

Scroll to Top