(Видео) Полскиот претседател рапува за да собере средства за помош на медицинските лица

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, сними рап песна и се приклучи на иницијативата за собирање средства за медицинските работници кои се борат со коронавирусот. Дуда учествуваше во предизвикот Hot16challenge што го почнаа полските рапери, а се состои од пишување и снимање 16 раперски стихови. Видеото на претседателот, што беше објавено во понеделникот вечерта, досега има околу 3 милиони прегледи.

Полскиот претседател, кој се кандидира за втор мандат, не сакаше да открие кој е авторот на стиховите што ги избра, пренесува „Хина“. Дуда за да го продолѓи предизвикот, меѓу другите, го номинираше премиерот Матеуш Моравјецки.

Во иницијативата, во која учествуваа неколку уметници, досега се собрани повеќе од 220.000 евра.

Scroll to Top