Скопје е под вода поради силното невреме кое го зафати главниот град. Пороен дожд, грмотевици и град ги поплави улиците во целиот град. Дрвја откорнати и паднати врз автомобили…
Надојдената вода им предизвика потешкотии на граѓаните, кои веднаш искочија да спречат поплавување на нивните домови, објекти и автомобили.
УХМР најави за попладне поинтензивни врнежи за попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Минималните температури ќе бидат од 13 до 20, а максималните од 24 до 33 степени.
Во Скопје околу пладне и попладне е најавено нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.
Утре ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Потоа во првите два дена од следната недела времето ќе биде претежно стабилно и топло.