Принцот Хари за време на неговата посета на WellChild Awards во Лондон, пред големиот број родители и многуте деца со тешки заоблувања почнал да плаче додека зборувал за периодот кога Меган Маркл била бремена и кога дознал дека за прв пат ќе стане татко. Преплавен со емоции Хари не издржа, а да не заплаче.
„Не можам да замислам како ви е. Кога стојам тука пред вас, во мене се будат емоции за кои досега не знаев дека постојат, се додека не станав татко. Ниту еден родител не заслужува да го гледа своето дете како страда“, изјавил Хари пред децата и родителите.
„Членувам во оваа организација веќе десет години и секој пат овдешните деца успеваат да ме изненадат и да ме инспирираат“, изјавил Хари и им се заблагодари на сите учесници и добитници на награди.
Prince Harry has emotional moment in WellChild Awards speech
[tap to expand]https://t.co/UoCguOXmFS pic.twitter.com/SCqfm2whaC
— BBC News (UK) (@BBCNews) October 16, 2019