(Видео) Професор по математика од Оксфорд пресмета кој е најдобриот фудбалер на сите времиња

By

Мислењата околу тоа кој е најдобриот фудбалер на сите времиња се поделени. Некои мислат дека Лионел Меси е најдобриот кој некогаш трчал по тревата, а има и многу такви кои повеќе го ценат она што Кристијано Роналдо го направи за неговите клубови и репрезентација.

dobivaj vesti na viber

Свој збор сега даде и науката. Поточно доктор Том Крофорд, професор по математика на Универзитетот во Оксфорд. Тој е убеден дека го има одговорот на прашањето кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Крофорд направил алгоритам со кој ги споредил податоците на десет фудбалски легенди и дошол до заклучок дека Кристијано Роналдо е најдобриот меѓу нив.

Португалецот е на листата прв, пред Меси, а зад нив двајцата се наредени останатите фудбалски великани. Крофод до конечниот одговор стигнал благодарение на седум категории, а повратникот во Манчестер Јунајед ги имал најдобрите резулати, иако и Лионел Меси бил блиску.

Како Крофорд ги користел податоците:

  1. Трофеите освоени со клубовите. Секој трофеј носи одреден број бодови кои зависи од УЕФА коефициентите.
  2. Трофеите со репрезентациите. Светско првенство носи 150 бодови, Европско првенство и Копа Америка 100 бодови + дополнителни бодови за освојување на Златната копачка.
  3. Бројот на голови за клубовите.
  4. Бројот на голови за репрезентацијата.
  5. Гласовте дадени за Златната топка. Бројот на гласови кои ги добил добитникот за Златна топка, поделени со вкупниот број на гласови кои ги добиле трите најдобри фудбалери.
  6. Индивидувални награди.
  7. „З фактор“, Сезона или „математички извонредна кампања“ во која играчите со головите донеле успеси за своите тимови.

Ова е листата:

    1. Кристијано Роналдо 537 поени.
    2. Лионел Меси 503 поени.
    3. Пеле 459 поени.
    4. Ференц Пушкаш 305 поени.
    5. Роналдо 281 поен.
    6. Марко ван Бастен 237 поени.
    7. Алфредо ди Стефано 201 поен.
    8. Мишел Платини 177 поени.
    9. Диего Марадона 169 поен.
    10. Јохан Кројф 163 поени.

Ќе ви се допадне