(Видео) Промовирана химната за Мундијалот во Русија

Организаторите на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во Русија од 14 јуни до 15 јули, денес ја промовираа официјалната химна на Мундијалот. Песната Live it up ја пеат Вил Смит, албанската пејачка Ера Истрефи и Ники Џам.

Тие ќе настапат на затворањето на Мундијалот, кога ќе ја испеат во живо оваа песна.

„За мене е голема чест што сум дел од химната на Светското првенство. Ова е глобално случување кое го привлекува вниманието од целиот свет. Соработката со Ники и Ера претставуваше вистинска хармонија и склоп на различни жанровори. На крајот на денот сакаме само да видиме како светот танцува“, рекол Вил Смит неодамна.

Scroll to Top