(Видео) Првата југословенска реклама направена во 1926 година трае осум минути

Рекламата за пастата за заби “Каладонт“, направена е во далечната 1926-та година во Србија во времето на Кралството Југославија.

Рекламата трае речиси осум минути и ја носи приказната за двете Белграѓанки, Наталија и Милица.

Наталија е локална убавица, мис на плажа, секогаш опкружена со додворувачи додека пак Милица е секогаш осамена и тажна.

Решението на Наталија за проблемот на Милица е токму “Каладонт“ од кој забите ќе ѝ бидат бели како снег.

Оваа реклама всушност е и првиот краток црно-бел филм (може да го најдете и со наслов „Се зардаи насмевката“ ) кој го режирал Јосип Новак по наредба на компанија од Осиек “Сапониа“.

Две години подоцна, режисерот Новак требало да снима нова реклама за отворениот рудник Јерма. Но, овојпат тој одлучил да го сними својот прв игран филм преку кој ќе го промовира новоотворениот рудник, а филмот носи наслов “Среќата на рударот“.

 

Scroll to Top