(Видео) Првите снимки од спасените момчиња по излегувањето од болница

Дванаесетте момчиња и тренерот кој беа извлечени од пештерата на северот од Тајланд, каде беа заробени 17 дена, излегоа од болницата.

Тие ќе ја одржат првата конференција каде ќе одговараат на прашањата на новинарите.

Момчињата, нивниот тренер и на некои од спасувачите ќе им бидат поставени внимателно одбрани прашања, кои новинарите однапред ги имале доставено, најавиле официјалните лица.

Тие ги замолиле медиумите и јавноста да ја почитуваат приватноста на момчињата, затоа што како што навеле, да не биде нарушено менталното здравје на момчињата.

„Не знаеме какви рани тие деца носат во срцата“, изјавил денеска пред новинарите, едно официјално лице од Министерството за правда на Тајланд.

Scroll to Top