(Видео) Путин се вози во метро

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес свечено ја отвори првата линија на надземното метро во Москва. Тој се возеше заедно со градоначалникот на руската престолнина.

Традиционално рускиот претседател доби подарок од градоначалникот, картичка „Тројка“ за патување со јавен превоз. Путин се качи на станицата „Белоруска“ и се возеше до станицата „Фили“.

Придружба му правеа гувернерот на Московската Област, Андреј Воројбјов, шефот на Руската железница, Олег Белозеров, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, и други официјални лица.

Путин истакна дека ваквите проекти ќе овозможат решавање на голем број сообраќајни проблеми со кои се соочуваат градските власти во Москва. Ќе бидат пуштени две линии со вкупно 132 километри пруга. Ќе бидат на располагање 66 станици, од кои 27 ќе можат да се пренаменат за метрото.

Новите руски возови Ivolga кои се произведени во Русија ќе можат да пренесат до 2000 патници.

Scroll to Top