(Видео) Родителите го оставиле во контејнер за ѓубре, а денес има компанија вредна 62 милиони долари

Фреди Фигерс како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре. Денес е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари. Тој е роден во градот Квинси, Флорида, САД. Неговата мајка го оставила веднаш по раѓањето, но го нашле Нејтан и Бети Фигерс и го вдомиле. Тогаш Фреди имал само 2 дена.

30-годишниот Фреди, својата фирма „Фигерс комјуникејшн“, ја основал додека бил тинејџер. Освен тоа, тој е сопственик на четири патенти, а со технологија се занимава од дете. Кога имал девет години, сосема сам го поправил својот прв калкулатор. На 12 години веќе имал вештини на техничар, а три години подоцна ја основал и фирмата.

Кусо потоа на неговиот татко му бил дијагностициран Алцхaјмерова болест, па момчето изработило специјални патики со вграден џи-пи-ес уред за двонасочна комуникација. Тој изум за кусо време му донел заработка од 2,2 милиона долари.

На 24 години, младиот пронаоѓач веќе имал дизајнирано 80 софтверски програми, а освен умствено-работните способности, во својата околина важи и за човек со високи морални вредности. Нуди стипендии и помош за програми за млади, помага при плаќањето долгови на оние што не можат да се справат со тоа… Како што коментираат неговите сограѓани, животната приказна на Фреди е инспирација за многумина.

Scroll to Top