(Видео) Роналдињо слави роденден и игра фудбал во затвор

By

Поранешната бразилска фудбалска sвезда Роналдињо денеска го прслави својот 40-ти роден, во затворот во Парагвај. Некогашниот играч на Барселона неодамна бил и снимен додека игра фудбал во затворот, натпревар во кој постигнал пет погодоци и шест пати бил асистент.

Роналдињо пред неколку недели беше уапсен поради влез во Парагвај со лажен пасош. Сега фудбалската ѕвезда го чека судењето и може да биде осуден на шест месеци затвор. Неговата одбрана тврди дека тој не знаел дека пасошот е лажен и тврди дека го добил и го сметал за сувенир.

„Роналдињо не разбрал во што се впушта. Можел многу лесно да влезе во земјата и да го искористи неговиот бразилски пасош. Постапил наивно“, изјавил неговиот адвокат Адолфо Марин.

Судот во неколку наврати ги отфрли барањата фудбалерот да му биде дозволен домашен притвор, под изговор дека Роналдињо би можел да избега. Неговиот притвор, сепак, се покажа како дел од истрагата за перење пари од големи размери. Приведен е и неговиот брат Роберто, кој исто така се сомничи за фалсификување на документи.

Роберто му е ѝ менаџер на Роналдињо. Шпанскиот весник „Ас“ потсетува дека пред неколку години, тој договорил групи јапонски туристи да патуваат покрај куќата на Роналдињо за одреден паричен надомест, додека Роналдињо само ги поздравувал од балконот.

 

Ќе ви се допадне