(Видео) Роверот на НАСА сними нешто што личи на остаток од живот на Марс

На 2 април роверот Perseverance на НАСА направи серија снимки од Supercam Micro Imager за да открие органски знаци на живот во метеоритот на Марс пред да полета хеликоптерот Ingenuity. На една од нив е забележан зелен камен на кој има дупки. Роверот со ласер ќе се обиде да го истражи потеклото на овој камен и како тој стасал до кратерот Езеро, пишува Science.

SuperCam ласерски ги лоцира минералните цели што се надвор од дофатот на роботската рака на роверот, а потоа ја анализира карпата за да го открие нејзиниот елементарен состав. Неговата камера и спектрометрите потоа го испитуваат хемискиот состав на карпата.

Научници од НАСА веќе имаат неколку теории. Станува збор за камен од 15-ина сантиметри, кој има неколку дупки на себе, а кога фотографијата ќе се зголеми, се гледаат и точки, кои не изгледаат како да се од природно потекло. Од НАСА објаснуваат дека тие точки се од ласерот на роверот.

Научниците откриле и бор во метеоритите на Марс, што ја потврдува теоријата за присуство на органски живот на Марс во минатото. Претходно, на 5 септември 2017 година научниците објавија дека роверот Curiosity открил бор на Марс, неопходна состојка за живот и на Земјата.

Таквиот наод, заедно со претходните откритија дека можеби имало вода на древниот Марс, дополнително ја поддржува можноста за живот во кратерот Гејл на Марс.

Scroll to Top