(Видео) Роверот на НАСА тргна во потрага по живот во ,,Језеро“

Клучна цел за мисијата на „Perseverance“ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на древен микробиолошки живот.

Роверот ќе ја проценува геологијата на планетата и климата во минатото, ќе го отвори патот за истражување на Црвената планета од луѓето и ќе биде првата мисија што ќе собере и складира камења на Марс и реголит (скршени карпи и прашина) во кратерот Језеро.

Последователните мисии на НАСА, во соработка со ЕСА (Европската вселенска агенција), би испратиле вселенски летала на Марс за да ги соберат овие запечатени примероци од површината и да ги вратат на Земјата за детална анализа.

Лабораторијата за реактивен погон на НАСА, со која управува „Калтек“ во Пасадена, Калифорнија, е изградена и менаџирана за операциите на роверот „ Perseverance “.

Scroll to Top