(Видео) Русите ги евакуираат украинските деца со автобуси, емотивни сцени и фотографии од Донбас

Русите обезбедија помош и евакуација за дел од жителите во Доњецк и Луганск, откако состојбите во овие области во поледните неколку дена станаа сè потензични.

Од овие места беа евакуирани и најмладите. Емотивни слики направи руски фотограф на кои се гледаат украински деца како се поздравуваат со родителите и најблиските низ прозорец од автобус.

Медиумите пренесоа дека Русија се погрижила и им обезбедила сместување, храна и еднократна парична помош во износ од 10.000 рубљи, околу 115 евра, на сите бегалци кои пристигнале во областа Ростов.

Биле ангажирани и припадниците од Министерството за вонредна состојба, полиција, лекари, волонтери, возачи и сите неопходни служби кои им помагаат на бегалците.

Црквата исто така обезбедила привремени сместувања и хуманитарна помош во секоја епархија. Биле отворени телефонски линии за помош на бегалците.

Во Ростовската Област на сила е и режим на висока подготвеност, а претходно властите на овие места соопштија дека се подготвени да прифатат 900.000 бегалци од Донбас.

За потсетување, викендов школите и сиропиталиштата беа првите места кои беа евакуирани во Луганск поради зголеменото гранатирање на оваа територија. Прво беа евакуирани 225 сирачиња од интернатот број 1. Децата беа построени во школскиот двор и беа качени во автобуси.

Scroll to Top