(Видео) Само три песни од 1990-те имаат над милијарда прегледи на Јутјуб

Видеото за песната Zombie на групатa „Кренберис“ надмина 1 милијарда прегледи на Јутјуб. Ова е трета песна од 1990те години што ја надмината бројката од милијарда. Таа е само шеста песна од целиот 20. век што има толкава гледаност.

Другите две песни од 90-те години се: Smells Like Teen Spirit од „Нирвана“ и November Rain од „Ганс енд роузис“.

Инаку, првата песна што воопшто ја надмина бројката од милијарда прегледи е Bohemian Rhapsody од легендарната група „Квин“.

Scroll to Top