Вкупно 49 патници излегоа од привремените болници во вторникот околу 15:30 часот. На социјалните мрежи се споделува снимка од лекарите кои го одбележаа моментот кога болниците беа затворени.
Winners: Chinese doctors celebrate closure of the last temporary hospital in Wuhan – the coronavirus is defeated and they can remove the masks
Not so bright for the rest of the world though pic.twitter.com/7LVs5iQUpu— Best of Aliexpress and China (@coolstuffcheap) March 11, 2020
Додека ги снимаше камерата, еден по еден ги симнуваа своите заштитни маски. Насмеани мавтаа на камерите. Видеото кое собра голем број позитивни коментари, брзо се рашири на социјалните мрежи низ целиот свет.
Кинеските власти претходно ги преуредија јавните објекти како што се изложбените центри и спортските сали во 16 привремени болници. Тие служеле за да се изолираат и да се излечат пациентите заболени од коронавирусот.
Во таквите центри, лекарска помош добија околу 12.000 луѓе.