Две лица загинаа, а неколкумина се повредени, откако автобус кој носел патници од Белград се преврте кај местото Невесине, соопштиле полициските служби.
Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 8 часот на магистралниот пат кај Невесине, а се претпоставува дека автобусот се превртел поради густата мага и лошата видливост.
Неколкумина повредени веднаш биле префрлени во блиската болница, додека една жена која била потешко повредена била пренесена во болница во Мостар.
Во автобусот имало околу 20 патници, а во прашање било возило на фирмата „Глобтур“, кое сообраќало на релација Белград – Мостар.
Патиштата покриени со снег во Србија им предизвикале големи главоболки на возачите. На завеаниот пат Зрењанин – Лазарево, голем број на камиони на мало растојание беа заглавени во снегот.
Падавините и лизгалиштата направија големи проблеми за сообраќајот на овој дел од патиштата, а најлошо минаа теретните возила.
Еден корисник на Инстаграм снимил од својот патнички автомобил, сцена на која на секој метар од двете страни на патот стојат по еден автобус или камион.
И на автопатот кај Сирига, во текот на ноќта била критична состојбата. Била започната и акција за извлекување на камион кој бил заглавен во снегот.
Ниту во главниот град Белград ситуацијата не била ништо подобра. Утрината во различни делови на градот биле забележани блокирани илици, а претешкиот нанос на снег кој се собрал на дрвата, предизвикал кршење на гранките. Оштетени се неколку автомобили и огради. За среќа нема повредени лица. Белград 24 часа е под постојана снежна покривка.

