(Видео) Се запали моторот на патнички авион додека леташе

Авион на филипинска компанија кој требало да полета од Лос Анџелес за Милано, принудно слетал веднаш по полетувањето поради дефект на моторот. Едно од крилата се запалило, но за среќа никој од 347 патници и 18 членови на екипажот не е повреден, изјавил портпаролот на авиокомпанијата.

Еден од патниците на Боингот 777 снимил како гори моторот на едното крило. По пријавата на дефектот, пилотите безбедно слетале, а огнот за кратко време бил изгаснат од пожарникарите.

Поради незгодата пореметени биле и другите летови, пишуваат странските медиуми. Засега не е познато која е причината за дефектот на авионот. Портпаролот на филипинската компанија соопштил дека екипажот го забележал димот, а дека патниците веднаш биле префрлени на друг лет.

Scroll to Top