(Видео) Седумдесет и петгодишниот претседател на Уганда прави склекови за да ги мотивира луѓето по дома

Седумдесет и петгодишниот претседател на Уганда Јовери Мусевени, правеше склекови додека е во самоизолација, со цел да ги мотивира и останатите да го следат неговиот пример.

Во желбата да ги задржи луѓето дома и да го спречи ширењето на „Ковид-19“, Мусевени на својот „Твитер“ профил објави видео на кое трча и прави склекови во својата канцеларија.

„Вчера апелирав до луѓето кои џогираат во групи, изложувајќи се на pизик во време на пандемија на Ковид-19. Не морате да одите надвор за да вежбате. Еве ја мојата демонстрација како можете да вежбате дома и да бидете безбедни“, напиша Мусевени.

Во Уганда, како и во најголемиот дел земји низ светот, воведен е полициски час и се затворени училиштата. Јавните собири, конференциите и групните верски молитви се забранети.

Досега во земјата се забележани 53 потврдени случаи на коронавирус, според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“ и Министерството за здравство на Уганда.

Scroll to Top