(Видео) Сер Тони Блер стана витез на кралицата Елизабета

Поранешниот британски премиер Тони Блер ѝ стана вите на кралицата Елизабета. Тој се здоби со титулата сер и заедно со војвотката од Корнвол и бароницата Ејмос станаа членови на најстариот и највисок англиски Ред на витезите во Европа и светот.

Бароницата Ејмос стана првата црна жена која станала член на Редот. Оваа церемонија е воспоставена уште од 1348 година и претставува признание за важни јавни службеници, како еден вид на личен подарок од монархот.

„Ова е голема чест. Им благодарам на сите кои беа дел од владата со мене, но и на јавниот сектор и на сите делови од нашето општество. Фала ви на сите за посветеноста на нашата земја. Ќе бидам сер Тони и тоа е подобро отколку сер Ентони“, рече Блер.

Scroll to Top