Шпанскиот крал Фелипе Шести заедно со илјадници навивачи од земјата, во Мадрид ги кошаркарите на „црвената фурија“ и новите светски шампиони.
Репрезентативците на приемот во кралската палата му го покажаа трофејот на кралот Фелипе и кралицата Летиција, а капитенот Руди Фернандес му ја позајми својата медалја и му ја стави околу вратот.
Шпанските кошаркари потоа во отворениот автобус минаа низ улиците на Мадрид и заминаа на дочекот, каде ги поздравија илјадниците фанови и навивачи, а Марк Гасол им ја исполни желбата на повеќето од нив и се почести со лименка пиво. Шпанија во неделата го освои Светското првенство во Кина, со победата над Аргентина од 95:75.
Ова е втора титула на Шпанија како светскиот шампион, по освоената во 2006 година. Шпанските медиуми пренесоа дека неделното финале од Светското првенство бил најгледан натпревар во историјата на Шпанија.